Ова овошје треба да го консумираат сите кои страдаат од инсулинска резистенција

Топи маснотии, го намалува ризикот од висок холестерол, срцеви заболувања и дијабетес.

Во античко време, ова овошје било познато како лековито растение. Калинката се споменува во Стариот завет и во бројни книги за лекување на разни болести од средниот век.

Консумирањето калинки го намалува ризикот од развој на срцеви заболувања, ублажува разни воспаленија, а исто така може да ви помогне во борбата против вишокот килограми. Богато е и со антиоксиданти и омега-3 масни киселини.

Истражувањата на холандскиот универзитет во Лајден покажаа дека калинката може да помогне во намалување на телесните масти и подобрување на отпорноста на инсулин. За време на 12-неделниот експеримент, глувци добиле масло направено од семе од калинка и било откриено дека процентот на телесни маснотии во експерименталните примероци значително опаднал. Експеримент врз глувци, исто така, покажува дека конзумирањето калинка исто така може да ја намали големината на масното ткиво.

Што е инсулинска резистенција и како може да помогне калинката?

Отпорност на инсулин е состојба во која вашите клетки и ткива не реагираат на инсулин кога внесувате храна.

Како резултат на тоа, шеќерот е висок, бидејќи инсулинот не го разградил, а панкреасот, како одговор на тоа, лачи уште повеќе инсулин, така што покрај високиот шеќер, имате и висок инсулин.

Калинката е богат извор на антоцијанини, што е докажано дека го намалува ризикот од развој на инсулинска резистенција.

Калинка традиционално се користи на Блискиот исток и Индија за спречување и ублажување на дијабетесот.

Друг експеримент бил спроведен на Универзитетот Цингуа во Кина, во кој дебели глувци биле третирани со екстракт од калинка пет недели и било откриено дека количината на маснотии во крвта е значително намалена.

Калинката помага и при разградување на холестеролот, што директно го поддржува слабеењето, а тоа диретно делува на регулирање на инсулинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот