Ова маче со „две лица“ е вистинска ѕвезда на Инстаграм (ФОТО)

Иако сите ги избегнуваме дволичните луѓе, ова нешто навистина ќе ви се допадне, станува збор за слатко маче со „две лица“.

Мачката Нарнија, која има две години, благодарение на професионалните фотографии, стана вистинска ѕвезда на Инстаграм.

Нарнија живее во Франција и има дури 180.000 следбеници на оваа социјална мрежа и во моментов ужива во своите „пет минути слава“.

Сликите кои се објавуваат на нејзиниот профил се дело на професионалниот животински фотограф Жан Мишел Лабат кој успева одлично да ја долови специфичната убавина на оваа британска мачка со кратко влакно.

Нејзинината сопственичка Стефани изјавила дека Нарнија го освоила нејзиното срце веднаш штом ја здогледала.

Стефани објасни дека оваа мачка е родена како химер.

 

View this post on Instagram

 

Narnia wishes you a good week ??? ? @chatteriedelagrace #amazingnarnia Narnia vous souhaite une bonne semaine ???

A post shared by ?? AMAZING NARNIA Double Face (@amazingnarnia) on

Мачките химери се поприлично ретки и нивното крзно не е е толку воочливо како на Нарнија. За мачките химери е карактеристично што имаат и две различни очи, а оваа интернет ѕвезда има две исти очи со сина боја.

Во животинскиот свет химери се животните кои имаат генетска аномалија со мешање на два пигменти и всушност поттекнуват од два ембриона кои брзо се стопиле во еден. Овие животни се целосно здрави, само се со необично комбинирани бои.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот