Големи богаташки маки: Најбогатиот човек на светот сакал да ја почести свршеницата со вила од 300 милиони, но следувал ладен туш

Џеф Безос и Лорен Санчез / Фото: Drew Angerer / AFP Profimedia

Во Палм Бич, Флорида, се шират гласини дека милијардерот Џеф Безос се обидел да го купи луксузниот имот на Хауард Стерн за 300 милиони долари.

– Големи озборувања што се шират овде е дека Џеф Безос ја купил куќата на Хауард Стерн во Палм Бич за 300 милиони долари – им рекол еден жител на новинарите.

– Џеф Безос и Лорен Санчез потрагата по куќа во Палм Бич ја завршија со купување на два хектари имот покрај океанот кој во моментот е во сопственост на уште една добро позната локална двојка. Цената се очекува да надмине 300 милиони долари – објави магазинот „Палмер“ на Инстаграм.

Порталот „Пејџ сикс“ се распрашал за тоа дали оваа продажба навистина се случува.

– Не е точно! Хауард му рекол на Безос дека не е на продажба, ниту за 500 милиони долари – рекол изворот.

Фото: Palmer / Printskrin / Instagram

Исто така, извори блиски до Безос и Стерн изјавиле за „Пејџ сикс“ дека гласините не се точни. Еден од нив открил дека Безос воопшто не ни бара недвижност на Палм Бич, бидејќи веќе купил три куќи на Индиан Крек во близина на Мајами, кои го чинеле 237 милиони долари.

Да потсетиме, Безос со години е во врска со Лорен Санчез, а се свршија во 2023 година, по речиси пет години врска. Сепак, се чини дека „пластичната љубовница“, како што многумина ја нарекуваат, ќе мора да почека уште малку за купување нова недвижност.

 

ФОТО | „Среќен роденден, душо!“: Згодната новинарка му го честиташе роденденот на Џеф Безос со секси фотографија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот