ФОТО | „Среќен роденден, душо!“: Згодната новинарка му го честиташе роденденот на Џеф Безос со секси фотографија

Фото: WWW.LUCASGRO.EU / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, е среќен човек, а неговата партнерка Лорен Санчез (54) секојдневно се обидува да го потсетува на тоа. Сега таа сподели своја фотографија, посветена на нејзиниот вереник, по повод прославата на неговиот 60. роденден во Париз.

Поранешната телевизиска новинарка покажа неверојатна фигура во црн мрежест фустан на „Долче и Габана“. Провокативниот фустан ѝ ја открива црната долна облека, додека Санчез заводливо гледа во камерата.

„Среќен роденден, душо“, напиша таа на објавата, која брзо собра повеќе од 10.000 допаѓања.

Фото: Инстаграм/Лорен Санчез

Безос очигледно бил задоволен од секси фотографијата и ѝ одговорил: „Среќен сум што сум на ова патување околу сонцето со тебе“.

Двојката го прослави својот роденден во „градот на љубовта“, а Санчез сподели фотографија со поглед на Ајфеловата кула во петокот наутро.

„Најдоброто утро со роденденското момче“, напиша таа во описот и продолжи да го опсипува својот „згоден милијардер“ со роденденска љубов.

Откако го помина 60. роденден на Безос во Париз, славната двојка замина за Милано, Италија.

За време на викендот тие беа фотографирани на ревија во рамките на Модната недела во тој град. Санчез облече црно мини здолниште и деколтиран горен дел, со што го истакна нејзиното раскошно деколте.

Фото: Cobra Team / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Вљубениот пар заедно ја прослави и Новата година, на неговата суперјахта „Кору“, вредна 500 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот