Ова е тоа што може да го наведе населението против вакцините за Ковид-19

Теориите на заговор и дезинформациите ја зголемуваат недовербата кон вакцините. Ова може да доведе до тоа помалку луѓе да бидат вакцинирани против новиот коронавирусот во Велика Британија и САД, што ќе спречи формирање колективен имунитет, пренесуваат американски медиуми, повикувајќи се на неодамнешна студија.

И во двете земји биле испитани 8.000 луѓе. Помалку од 55 отсто од испитаниците велат дека „дефинитивно” ќе бидат имунизирани против коронавирусот. Според научниците, околу 55 отсто ​​од населението треба да се вакцинираат за колективен имунитет.

Хајди Ларсон, професор на Лондонското училиште за хигиена и тропска медицина, коавтор на студијата, рече дека вакцините функционираат само ако луѓето ги примат. Таа истакна дека дезинформациите ја зголемуваат загриженоста и неизвесноста за идните вакцини за коронавирус.

Во истражувањето за дезинформации, 3.000 испитаници во секоја земја биле изложени на широко распространета дезинформација на социјалните мрежи за вакцината за коронавирус помеѓу јуни и август. Останатите 1.000 во секоја земја дејствуваа како контролна група. Им беа прикажани фактички информации за вакцината за коронавирус.

Пред да бидат дезинформирани, 54 отсто од испитаниците во Велика Британија и 41,2 отсто во САД изјавиле дека „дефинитивно” ќе бидат имунизирани. Но, откако им беше покажана дезинформација, само 6,4 отсто во Велика Британија и 2,4 отсто во САД велат дека ќе бидат вакцинирани.

Во двете држави, луѓето со ниски примања и малцинства, најверојатно, ќе ја одбијат вакцината за коронавирус.

Жeните се со поголема веројатност од мажите декаа нема да се вакцинираат, но повеќето испитаници во двете земји велат дека ќе бидат имунизирани доколку станува збор за заштита на роднини, пријатели или ризични групи.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот