„Ова е очајно, понижувачки и срамно“: Вака кралското семејство ги тестира кандидатите за работа во палатата

Википедија/Викимедија

Покрај подготвеноста за патувања и врвна дискреција, на кандидатите им се поставува и еден „суптилен предизвик“.

Неретко се укажуваат прилики за работа во кралското семејство, без оглед на тоа дали кралицата бара вработени за во дворецот во Виндзор или пак принцот Чарлс се надева на совршен работник кој што ќе му помогне во организацијата на работното време. Но, овој пат обожавателите на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ги развесели неодамнешната вест за вработување на нов работник кој што ќе им помогне во одржување на домот и палатата Кенсингтон.

Instagram
Instagram

Понудата за работа беше огласена на службената веб-страница на Кралството и беше опишана како возбудлива можност за работа за кралскиот пар и придружување во позитивниот тим и веселото работно опкружување. Секако постои и одреден кодекс на однесување до кој што сите пријавени кандидати мора да се придржуваат додека работат за војводата и војвотката. Важно е да покажат подготвеност за патување затоа што парот често го поминува времето во својата резиденција во Норфолк со нивните три деца.

Фото: Профимедиа

Но, постои и едно посебно строго правило до кое што идните потенцијални вработени во кралското семејство мора да се придржуваат. Според зборовите на блиски извори до семејството, во кралското семејство постои нулта толеранција за озборување, а во огласот за работа пишува дека поединците треба да бидат совршени во „одржување на довербата и дискрецијата“.

Трејси Ватермен, кралската шефица за вработување исто така открила дека постои „суптилен предизвик“ со кој што се одлучува кој од кандидатите ќе ја добие работата.

Фото: Инстаграм

„Еден од тестовите кои што сакам да ги правам за да проверам дали кандидатот има потенцијално око за детали – е поставување на мртви муви, во каминот или пак на тепихот. Кога ќе се постави мртвата мува, ги внесувам кандидатите во собата. Ги внесувам прилично полека, давајќи им можност да погледнат што има во собата. Ги носам до каминот и истакнувам дека сме добиле прекрасен, нов камин. Во тој момент очекувам да ја видат мртвата мува и се надевам дека ќе ја тргнат оттаму. Тоа е прекрасен тест, можеби од 10 луѓе половина од кандидатите ќе ја забележат мувата. Еден од десет сигурно ќе ја тргне. Е, личноста која што ќе го направи тоа е идеална за оваа работа“, открила Ватермен, а Британците кратко се изјасниле што мислат за тоа:

„Ова е очајно, понижувачки и срамно. Луѓето ги тестираат по тоа дали ќе ја видат мувата и ќе ја тргнат оттаму, грозно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот