Ова е најдобрата поза за спиење за секој што ‘рчи

Фото: Профимедиа

Нормално е да се мисли дека ‘рчењето е последица на она што се случува во носот, но експертот вели дека треба да се обрне внимание и на друга причина.

Што е апнеа во сон?

Апнеа е нарушување на спиењето, а оние кои страдаат од оваа состојба најчесто престануваат да дишат во сон некое време и тоа повеќепати во текот на ноќта или за време на попладневниот сон.

Ова нарушување почесто ги погодува мажите и тоа дури 7 отсто од возрасните, објаснува Дејвид М. Рапопорт, експерт од Здравствениот центар за спиење во Њујорк. Моменти кога вашето тело не добива доволно кислород, односно апнеата трае околу 20 до 30 секунди и тоа неколкупати за време на спиењето. До четири прекини на час се сметаат за нормални, но ако имате повеќе од 15, во потешки случаи и до 60, страдате од апнеја, сериозно и опасно нарушување, напоменува Рапопор. Долгорочното нарушување на спиењето е поврзано со неправилни отчукувања на срцето, хипертензија (висок крвен притисок), па дури и со срцев удар. Раното откривање и поставувањето дијагноза навреме може да го намали ризикот и да започне навремена терапија.

Тоа е всушност здравствен проблем, наведува д-р Скот Качер, експерт за сон.

Зошто ‘рчењето е симптом за апнеа во сон?

„’Рчењето е звук што се повторува кој означува дека дошло до затнување во горните дишни патишта, а тоа го нарекуваме апнеа. Кога ќе се случи често во текот на ноќта, може да дојде до недостаток на кислород во организмот, што може да предизвика будење во текот на спиењето. Тоа, пак, ќе доведе до замор, лош сон, проблеми со концентрацијата…“, наведува д-р Качер.

Многу луѓе мислат дека ‘рчењето е резултат на затнат нос, но всушност тоа е опструкција во горниот респираторен тракт и тоа треба да загрижува токму затоа што повеќето луѓе го земаат здраво за готово  ‘рчењето и никогаш нема да посетат лекар.

Кои се решенијата за апнеа во сон?

Иако не постои целосен лек за отстранување на проблемот, еден од најдобрите третмани е употребата на апаратот за потпомогнато дишење (CPAP). Друго решение е чистење на дишните патишта во близина на носот, а за тоа можете да користите спрејови или со помош на пареа. Позата во која спиете може да помогне, па затоа е добро да легнете на страна, така што со едната рака ќе ја кренете над главата за да не влијае гравитацијата на дишните патишта.

Важна е и хигиената на сонот

Заедно со лекарскиот преглед, Кучер ве советува да се информирате и што е хигиена на спиење и да ја практикувате. Секогаш одете во кревет во исто време, исклучете ги светлата околу 30 минути пред спиење за да не влијаат на производството на мелатонин. Исто така, обидете се да станувате секое утро во исто време.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот