Ова е Милош кој го изврши четирикратното убиство во Лесковац: Момчето го призна злосторството

Тешка семејна трагедија се случи вчера во Лесковац, кога Милош И. (22) со секира го уби својот татко Предраг (45), бремената сестра Ана (18), маќеата Данијела Р. (43) и нејзината ќерка Сара, стара 12 години.

Милош на сослушувањето го признал злосторството, а бил слабо комуникативен заради својата психичка состојба.

Досегашните резултати на истрагата укажуваат дека мотивот била омразата спрема маќеата и нејзината ќерка, како и психичката болест на осомничениот.

На местото на злосторството, се пронајдени секира, панталони и маица на осомничениот со траги од крв.

Според наводите, до злосторството во Лесковац дошло бидејќи Милош барал од својот татко Предраг пари, а кога Предраг одбил да му даде, тој ја фатил секирата и на почетокот ја убил својата маќеа Данијела, сопругата на својот татко која наводно не ја поднесувал, веројатно за да му наштети на татко си.

Милош потоа ја убил својата полусестра Сара (12), потоа сестрата Ана (19) која била бремена, а на крајот му пресудил и на Предраг. Крвавата облека потоа ја сменил, а полицијата ја повикал дури следниот ден и го пријавил злосторството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот