Отворено писмото кое лично го потпиша Марадона и во него ја има последната желба

Аргентинската фудбалска легенда, Диего Армандо Марадона/Фото: EPA-EFE/OLIVER WEIKEN

Писмото се наоѓа кај адвокатот на фудбалскиот волшебник, Матијас Морла.

Во писмото кое го потпиша Диего Армандо Марадона пишува дека легендарниот фудбалер кој почина на 25. ноември, по смртта сака неговото тело да биде балсамирано и да биде изложено во музеј.

„По долго размислување, сакам да ја изразам желбата, моето тело по смртта да биде балсамирано и да биде изложено во музеј, а покрај него да бидат трофеите кои ги освоив. Исто така сакам во музејот да бидат и сите лични работи за да се чувствува слијанието на сето тоа и на оној свет“, пишува во писмото потпишано од Марадона.

Диего Марадона почина на 25. ноември, 20=тина дена откако имаше операција на главата, а неговиот втор адвокат Марио Броди изјави дека постои идеја да се направи мавзолеј каде обожувателите би можеле да доаѓаат.

– Тоа е нешто за што зборував со браќата на Марадона. Предлогот е сериозен и би бил обврска на фудбалската федерација на Аргентина – изјави Бодри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот