Откриено како било убиено 13-годишно девојче во Виена

epa08799270 Two Austrian police officers stand in front of candles and wreaths at the crime scene of multiple shootings in the first district of Vienna, Austria, 04 November 2020. Four people were killed and 22 injured on 02 November evening in Vienna's central first district before the attacker was shot dead by police. The Austrian Interior Minister said the attacker in the rampage shooting was an 'Islamist terrorist'. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австриската полиција ги опиша последните часови на младото девојче Л. В. (13), чие тело беше пронајдено потпрено на дрво во парк во Виена на 26-ти јуни. Обдукцијата покажала дека девојчето било силувано, поради што полицијата уапси тројца Авганистанци, а четвртиот е сеуште во бегство и за него е распишана меѓународна потерница.

Полицијата верува дека девојчето на 25-ти јуни крај Дунав во Виена, се сретнала со двајцата осомничени мигранти кои имале 16 и 23 години. Полицијата сметаат овде дека и биле подметнати екстази, по што тие ја однеле во станот на третиот осомничен (18) каде девојчето било дрогирано, а потоа и силувано, пренесува Телеграф.рс.

Се верува дека Л.В. потоа изгубила свест и нејзиното срце откажало. Осомничените во паника пробале да ја разбудат, поливајќи ја со вода, но таа веќе не давала знакови на живот. Потоа мигрантите и го замотале телото во килим и го оставиле потпрено до дрво, а најмладиот осомничен се јавил на Брза помош, велејќи дека случајно го видел телото на младото девојче. Меѓутоа, полициските кучиња ја намирисале патеката до домот на осомничениот. Тука полицијата ги уапсила тројцата Авганистанци.

На испитување во полицијата осомничениот (18) рекол дека не се сеќава што се случило бидејќи и тој бил издрогиран и дека изгубил свест.

Родителите на девојчето велат дека на кобната вечер таа побарала да остане надвор уште еден час, што тие и го дозволиле. Тие знаеле дека таа била со нејзината најдобра пријателка, која дошла дома негде пред полноќ. Кога тие ја по порака ја прашале дали ќе си дојде дома, таа само одговорила со „Не“. Откако утрото таа се уште не била вратена дома, тие веднаш пријавиле во полиција.

„Попладнето во медиумите читав за тело пронајдено во Донауштад, но се пишуваше дека жртвата има 18 или повеќе години. Ни на крај памет не ни текна дека се работи за нашата ќерка“ вели мајката М.П..

Ова претставува една од најтрагичните сцени во последниве години во Австрија.

Голема трагедија во Виена: Двајца мигранти задавиле 13-годишно девојче, по што телото и го потпреле на дрво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот