Откриено е колкава отштета доби Интер од УЕФА поради несреќата на Ериксен

Кристијан Ериксен колабираше на Европското првенство 2020/фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Откако Кристијан Ериксен колабираше за време на мечот на Данска против Финска на минатогодишното Европско првенство, му беше поставен дефибрилатор, а правилата во Италија го спречија да продолжи да игра за тамошните клубови.

Затоа Интер го раскина договорот за да му дозволи на Данецот да ја продолжи кариерата на друго место.

Милански Интер не остана без никакво обештетување за несреќата поради која остана без одличен играч за врска. Иако се шпекулираше дека добил отштета од УЕФА, „Калчомеркато“ сега објави, врз основа на финансискиот извештај на Интер, дека обештетувањето е три милиони евра, врз основа на инцидентот што се случил на натпревар под нејзина надлежност.

Ериксен пристигна во Интер од Тотенхем во јануари 2020 година за 27 милиони евра и забележа 60 настапи во сите натпреварувања и го освои Купот на Италија.

На фудбалот му се врати во Брентфорд, со кого по заминувањето од Интер потпиша шестмесечен договор, а летово како слободен играч потпиша тригодишен договор со Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот