Откриено е како Саутгејт ги бирал изведувачите на пеналите, играчите биле во шок кога виделе дека Сака е меѓу нив

EPA-EFE/Andy Rain

Репрезентацијата на Англија загуби во финалето на Евро 2020 од Италија по подобро изведување на пеналите, а улогата на најголем виновник му припадна на младиот Букајо Сака чиј удар во последната петта серија го одбрани Џанлуиџи Донарума.

Тоа значеше европска титула за Италија, а англиските медуими веднаш ги нападнаа селекторот Гарет Саутгејт и поискусните фудбалери кои дозволија 19-годишен фудбалер да го изведе последниот пенал.
Еден од поискусните кој беше на тапет кај медиумите, Џек Грилиш, јавно проговори дека е лага оти се сакал да шутира туку селекторот не му дозволил да биде меѓу изведувачите.

Денеска весникот „Дејли Мејл“ открива што всушност се случувало и како Гарет Саутгејт ги бирал изведувачите на пенали. Имено, Саутгејт пеналџиите ги избрал така што неговиот помошник Стив Холанд ги запишувал резултатите од шутирањето пенали на тренинзите уште од септември минатата година и токму Сака имал најдобри резултати.

Останатите фудбалери не знаеле дека Саутгејт ги имал овие податоци кога одлучил Сака да шутира во петтата серија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот