Откриени големи наоѓалишта на злато во Босна и Херцеговина

Злато / Фото: Архива на Слободен печат

Депозити на злато со висока концентрација беа пронајдени во северозападниот дел на БиХ за време на геолошките истражувања, а сега се работи на утврдување на профитабилноста од експлоатацијата на овие наоѓалишта, објави во четвртокот компанијата која ја истражува почвата во областа.

Според тврдењата на Милош Бошњаковиќ, генералниот директор на компанијата наречена „Ликос Балкан Металс“, траги од злато биле пронајдени во областа на малата општина Језеро, лоцирана покрај реката Плива во околината на Мркоњиќ Град.

Бошњаковиќ, чија компанија доби концесија за геолошки истражувања во оваа област, тврди дека досега отворените дупнатини покажале „неверојатна содржина на злато“ во почвата.

„На три локации е потврдена висока содржина на злато на контактите на различни литолошки единици, до неверојатни 27,5 грама на тон во континуитет од дури 60 метри, што е невообичаено висока содржина дури и за светски познатите рудници за злато.“ изјави Бошњаковиќ, цитиран од порталот „Независне новине“ од Бања Лука.

Геолошките истражувања започнаа минатата година и засега претставуваат рана фаза, а Бошњаковиќ вели дека ќе бидат потребни уште неколку години работа за да се утврдат сите важни информации за наоѓалиштето злато и можностите за негова експлоатација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот