ФОТО | Откриена восочна фигура на Кејт Мидлтон во германски музеј, луѓето останаа шокирани од нејзиниот изглед
Музејот „Паноптикум“ во Хамбург, Германија, неодамна претстави нова восочна фигура на принцезата Кејт Мидлтон, што веднаш предизвика реакции кај посетителите и корисниците на интернет. Фигурата ќе биде изложена заедно со восочни фигури на други познати личности, како што се Ед Ширан и Тејлор Свифт, пишува „Сан“.
Препорачано
Скулпторката, Лиза Бишер, и нејзиниот тим рабеле на фигурата од летото. Кејт е прикажана во темнозелена облека од дизајнерката Џена Пакам, со дискретна, но препознатлива кралска шминка.
– Не само што внимателно го моделиравме фустанот, туку и шминката за јавното појавување, одржувајќи кралски суптилен изглед. Секако, не изостана ниту препознатливиот ајлајнер на Кејт, со мал затемнет ефект на очите – рекла Бишер.
Тимот користел стотици фотографии, а забите биле особено тешки за имплементација, барајќи дури 30 часа работа.

Сепак, реакциите на публиката беа мешани – многумина сметаа дека фигурата не личи доволно на вистинската Кејт. Коментарите се нижеа на социјалните мрежи:
Еден корисник на „Икс“ напиша само кратко: „Бљак“.
Француското списание „Париз мач“ ја опиша фигурата како „малку неуредна сличност“.
На Фејсбук, некој ги спореди забите на статуата со цртаниот лик „Сунѓерот Боб“.
Посетителите на музејот рекоа: „Бевме разочарани и делумно ужаснати“; „Не гледам голема сличност“.
Ова не е првпат „Паноптикум“ да предизвика контроверзии. Минатата година, восочна фигура на кралицата Елизабета Втора предизвика критики поради недостатокот на коса. Директорката на музејот, д-р Сузан Фербер, тогаш објасни: „Бидејќи користиме вистинска човечка коса, што е многу скапо, некои фигури со капи воопшто немаат коса. Тоа е восочна фигура, а не вистинска личност“.
Таа додаде дека кралското семејство се перцепира поинаку во Германија отколку во Велика Британија, каде што медиумите мора да бидат повнимателни.


