Откриена причината за смртта на осумте млади за време на новогодишната ноќ во БиХ

Труење со јаглерод-моноксид е причината за смртта на осумте млади кои беа пронајдени мртви во викендица во близина на Посушје, покажала анализата од вештачењето на примероците во Сараево, а кои се потврдено од главниот жупански истражител Јосип Аничиќ.

– По извршената анализа на крвта било утврдено дека кај сите осум лица дошло до интоксикација со јаглероден моноксид со утврдена концентрација во крвта која е смртоносна, потврди Аничиќ.

Во трагедијата која се случи за време на новогодишната ноќ во Посушје, животот го изгубија Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Жана Павковиќ, Миа Солдо, Стипе Павковиќ и Марија Павковиќ.

Викендицата во која беа најдени немала електрична енергија, па тие со себе понеле агрегат за производство на струја. Од него излегувало плин со кој се претпоставува дека се задушиле четирите момчиња и четирите девојки.

Извор: Ослобоџење.ба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот