Откриена причината за смртта на Мишел Трахтенберг
Актерката Мишел Трахтенберг, позната по улогата во серијата „Gossip Girl“, почина од природна смрт, а можните компликации по трансплантација на црн дроб најверојатно придонеле за нејзината прерана смрт, изјавија полициски извори за „Еј-би-си Њуз“. Трахтенбергер имала само 39 години и била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Њујорк во средата, околу 8 часот по локално време.
Препорачано
Телото го открила нејзината мајка, а полицијата за медиумите потврдила дека во нејзината смрт нема елементи на кривично дело. Сепак, ќе биде извршена обдукција.
Според информациите, на актерката неодамна и била извршена трансплантација на црн дроб, која била неопходна по долготрајна борба со проблемите предизвикани од консумирање алкохол.
Нејзиното последно појавување во јавноста беше во ресторанот на Сартијано во Сохо минатиот четврток.
„По пристигнувањето, полициските службеници пронашле 39-годишна жена во несвест и без знаци на живот. Итната медицинска помош констатирала смрт и иако нема елементи за кривично дело, истрагата сè уште е во тек“, се вели во официјалното соопштение на полицијата.


