Откриен планот на Перез, клубовите и ги „крадат“ пехарите на ЛШ

Перез им оддаде почит на три легенди кои изминатото лето си заминаа од Реал Мадрид/ фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Хаосот по формирањето на Суперлигата сè уште трае, односно дури денеска започнаа „заканите“ од двете страни, но во секој случај 12. клубови кои ја формираа „лигата на богатите“  не отстапуваат од својата идеја. Нивната цел е што побрзо да започне Суперлигата чиј прв претседател ќе биде првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Неговиот план го „открија“ медиумите, новинарот на „Ла Галерне“, Паул Тенорио, открива некои нови детали за тоа како ќе функционира новото натпреварување.

Некои од работите се познати како што се дека 12 клубови се основачи, се чека на уште три (ПСЖ, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд) да се изјаснат во наредните месец дена, додека преостаните пет места во првото издание на Суперлигата ќе ги добијат клубовите на основ на нивните резултати во претходните сезони. Со тоа се доаѓа до бројката од 20 екипи кои ќе учествуваат во Суперлигата, а најголема новина е дека тие ќе ги „присвојат“ трофеите во Лигата на шампионите.

Имено, сите 12 клубови постигнаа договор дека нивните трофеи кои ги освоиле во Лигата на шампионите ќе ги „пренесат“ во Суперлигата, наместо бројот на титули да се ресетира и да се започне буквално од нула.
Ова значи дека кога ќе започне Суперлигата, Реал Мадрид ќе се натпреварува со 13 титули, Милан со седум, Ливерпул со шест….
Тенорио наведува дека идејата е стартот на Суперлигата да биде во август оваа година, но ништо не е сигурно и можно е да започне и подоцна. Причините за тоа се дека мора се правно да биде чисто пред да се започне со новото натпреварување.
Шпанскиот новинар смета дека Лигата на шампионите во иднина ќе биде заменета токму со Суперлигата.
– ЛШ ќе биде заменета со Суперлигата. УЕФА ќе мора да одлучи дали сака да направи второо континентално натпреварување кое ќе биде помалку привлечно. Најнормално е да имаат едно или две натпреварувања за екипи кои нема да успеа да се квалификавуваат во Суперлигата – смета Тенорио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот