Откриен е нов вид домашна пчела – Името Луцифер совршено одговара на нејзиниот изглед
Австралиските научници открија нов вид домашна пчела, која се издвојува по нејзините мали, но изразени рокчиња. Затоа добила име кое совршено одговара на нејзиниот изглед – Луцифер.
Препорачано
Видот „megachile lucifer“ е пронајден за време на истражување на ретко диво растение кое расте исклучиво во Бремерските планини во регионот Голдфилдс, околу 470 километри источно од Перт, пишува Би-би-си.
Најголемата особеност на оваа пчела се „многу препознатливите и јасно истакнати рокчиња“ кои се појавуваат само кај женките. Се претпоставува дека тие служат како одбранбена алатка, но и како помош при собирање полен, нектар или смолести материјали за градење гнезда.
Раководителката на истражувањето, д-р Кит Прендергаст од Универзитетот „Куртин“, откри што ја инспирирало кога го именувала новиот вид.
View this post on Instagram
„Женката ги има овие неверојатни мали рокчиња на лицето“, рече д-р Прендергаст. „Додека го пишував описот на новиот вид, ја гледав серијата на Нетфликс „Луцифер“ и името ми одговараше совршено. Исто така јас сум голем обожавател на ликот Луцифер, па затоа имаше смисла.“
Името има подлабока порака
Но, името Луцифер – што на латински значи „носител на светлина“ има дополнително значење, вели д-р Прендергаст. Тоа треба да служи како потсетник за важноста на зачувувањето на автохтоните видови пчели, како и за потребата од подобро разбирање на нивната улога во опрашувањето на ретките и загрозени растенија.
Повикот за заштита на живеалиштата доаѓа и од нов извештај објавен во Journal of Hymenoptera Research, во кој авторите бараат областа каде што се пронајдени новиот вид пчели и реткиот цвет да биде „формално заштитена и прогласена за заштитено земјиште кое не може да се уништува“.


