Откажана средбата меѓу Пашинјан и Алиев

Баку ја откажа средбата на ерменскиот премиер Никол Пашинјан со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, која првично беше закажана за крајот на месецот во Брисел, објавија британските медиуми.

Информацијата ја откри ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан на заедничката прес-конференција со неговата канадска колешка Мелани Џоли, која е во посета на Ереван.

-Одговорот на вашето прашање е многу директен и краток. Прашавте кој не најде време. Очигледно, тоа е претседателот на Азербејџан. Се надевам дека проблемот навистина е поврзан со временските услови. Ерменија е подготвена да учествува на овој состанок, рече Мирзојан одговарајќи на новинарско прашање.

Во понеделникот, Мирзојан се состана со неговиот азербејџански колега Џејхун Бајрамов во Иран. Тоа беше прва средба меѓу двајцата откако Баку ја врати контролата врз Нагорно-Карабах.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој присуствуваше на разговорите во иранската престолнина заедно со неговите колеги од Иран и Турција, Хосеин Амирабдолахиан и Хакан Фидан, изјави дека главно се разговарало за прашањето за понатамошна работа за склучување мировен договор.

Во последните недели, двете земји изразија желба да потпишат договор за ставање крај на долгогодишниот спор околу сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах, врз кој Азербејџан ја врати контролата минатиот месец со молскавична воена операција. Овој потег принуди повеќе од 120 илјади етнички Ерменци кои ја населуваа областа да ја напуштат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот