Отфрлени промените на предлог-законот за Брегзит

Фото: МИА

Претходно оваа недела, Домот на лордовите, односно Горниот дом на Парламентот усвои неколку амандмани.

Долниот дом на британскиот Парламент денеска ги отфрли измените на предлог законот за Брегзит, донесен во Горниот дом.

Премиерот Борис Џонсон сигнализираше дека нема да прифати никакви измени на нацрт-Договорот за повлекување од ЕУ, согласно кој ќе се одвива излегувањето на Велика Британија од Европската унија на 31 јануари, спротивставувајќи им се на пратениците од опозицијата кои велат дека ги отежнал условите за Брегзит.

Претходно оваа недела, Домот на лордовите, односно Горниот дом на Парламентот усвои неколку амандмани.

Но, денеска, Долниот дом, каде партијата на Џонсон има големо мнозинство, гласаше да ги отфрли измените предложени од Горниот дом, вклучително и оној за правата на граѓаните на ЕУ во Велика Британија по Брегзит.

Предлог-законот сега ќе се врати во Домот на лордовите, каде членовите можат повторно да се обидат да го променат во процесот познат како пинг-понг, во кој може да се балансира меѓу домовите сè додека не се усогласат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот