Освежете се со вкусен сок од лубеница: Богат извор на витамини

сок од лубеница
foto> pexels

Лубеницата е овошје кое оваа сезона го има во изобилство. Ако веќе сте навикнале да се освежите со сочна лубеница, особено ќе ве воодушеви овој едноставен рецепт за безалкохолен сок со ова вкусно овошје.

За да го подготвите пијалокот, исечете четвртина од лубеницата на помали коцки, ставете ги во блендер и додадете уште две мали лажици шеќер или сируп од агаве, малку сок од лимон и неколку коцки мраз. Измешајте сè и сервирајте во чаши, а остатокот ставете го во фрижидер.

сок од лубеница

Зошто треба да јадете лубеница почесто?

Ова овошје е богато со витамини Б6, Б1 и Ц, како и со манган, поради што е одличен извор за зајакнување на имунитетот. Покрај тоа, помага во работата на срцето и бубрезите.

Ако сакате да изгубите тежина, консумирајте лубеница! Лубеница со средна големина содржи околу 18 грама хранливи влакна, додека остатокот е вода. Го убива чувството на глад, поради што влегува во групата на „супер храна“. Содржи 30 калории на 100 грама, што ја прави совршена опција ако сакате да се заситите и да не претерувате со внесот на калории.

Домаќински совети: Како да изберете совршено зрела лубеница?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот