Домаќински совети: Како да изберете совршено зрела лубеница?

Лубеница
Фото: Profimedia

Слатката, воденеста лубеница е деликатес без кој не може да помине летото. Не е важно од каде ја купувате, или можеби ја одгледувате во својата градина, пред да ја изберете, треба да знаете дали е навистина зрела и добра за берење.

Иако многумина веруваат дека на пазар или во маркет нема шанси да купат незрела лубеница, оти продавачот не би ги нудел ако не се зрели, има големи шанси да се случи тоа. Но, постои постапка од само три чекори со кои следен пат ќе изберете највкусна и зрела лубеница.

Подигнете ја – голема или мала не е важно, лубеницата треба да биде тешка, ако е созреана.

Побарајте ја жолтата дамка – тоа е местото на кое лежела во градината, на земја, зрелите лубеници имаат кремаста или жолта дамка.

Чукнете по неа – подигнете ја и со показалецот лесно чукнете на долниот дел од лубеницата. Ако е зрела, треба да има длабок и шуплив звук, што значи е полна со сок.

Со купената лубеница можете да подготвите и разни освежителни салати, десерти, коктели…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот