Нутриционистката на Новак Ѓоковиќ: Ако сакате да ослабете, не правете ја оваа грешка на спортистите

Невена Веселиновиќ / Новак Ѓоковиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм/EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Растителната исхрана е сè попопуларна меѓу спортистите, но факт е дека и понатаму предизвикува бројни дилеми во општеството. Сепак, исхрана на база на намирници од растително потекло препорачува и нутриционистката Невена Веселиновиќ, која, меѓу другите, го советува и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Во 2010 година, тенисерот се откажа од глутенот, млечните производи и рафинираниот шеќер, а го намали и внесот на црвено месо. Денес, тој консумира само храна од растително потекло, па така во неговото мени се наоѓа многу овошје, житарки, киноа, ориз и сладок компир.

– Во првиот дел од денот јадам многу овошје. Не сакам да јадам никаква храна која бара многу енергија за да се свари, бидејќи ми треба многу енергија за тренинзите – објаснил Ѓоковиќ во гостувањето кај Греам Бенсинџер минатата година.

Денот го започнува со топла вода и лимон, а потоа пие сок од целер. Потоа следи зелено смути богато со хранливи материи и алги. Ова е во согласност со она што Веселиновиќ ги советува спортистите, како рекреативните, така и професионалните.

– Ако сакате да ги намалите масните наслаги, моја препорака е да изберете комбинација од растителни протеини (протеински прав) и влакна (темнозелебуит лиснат зеленчук) за појадок. Би ги избегнала бобинките – вели Веселиновиќ.

Таа ги советува оние кои сакаат да ја зголемат мускулната маса да се свртат кон овесната каша, бобинките и протеинскиот прав (0,9 грама на килограм телесна тежина) за појадок.

Нутриционистката вели дека најголемите грешки поврзани со исхраната на спортистите се случуваат по исцрпувачките тренинзи.

– Првото нешто што ќе го земете по тренинг во голема мера влијае на градењето на мускулите и токму тоа диктира дали ќе спречите воспаление. По тренингот треба да консумирате зелен чај, лимон, вода, ѓумбир. Веднаш потоа мора да ги надоместите истрошените резерви, а во тоа ќе ви помогнат урмите и бананите. Никако не препорачувам чоколадо, дури ниту протеински плочки со чоколадо, бидејќи содржат додаден шеќер – објаснила таа.

Во текот на денот, Веселиновиќ препорачува комбинација од растителни протеини (житарки како што се киноа и хелда и зелен лиснат зеленчук, црвена леќа) и влакна. За вечера, можете да изберете салати направени од микро билки и никулци, како и тофу сирење и мешунки.

– Не треба да имате предрасуди за тоа дека растителната исхрана нема доволно протеини и железо. Тоа е облик на исхрана која има толку многу позитивни аспекти – додала Веселиновиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот