Рецепт за хроно шпанска пита: Уживате во вкусот, а не се дебелеете

Фото: rosario bergamasco / Alamy / Alamy / Profimedia

Која е тајната на хроно диетата? Во хроно диетата само треба да го почитувате правилото за комбинирање на храната. Во никој случај не треба да прескокнувате оброци. Многу е важно да ги имате сите три редовни оброци во текот на денот и меѓу нив треба да направите пауза од околу пет часа за да го регулирате нивото на шеќер во крвта и инсулинот во организмот.

Денеска ви предлагаме хроно шпанска пита – одлична е за појадок, за ручек или за вечера, а што е најважно, многу едноставно и брзо се подготвува. Тоа е, во суштина, варијација на проја – со повеќе состојки, а со тоа и со побогат и покомплексен вкус и ароми.

Ќе напоменеме дека кај оваа пита, доколку имате некое искуство во готвењето, нема да направите грешка со мерењата. Мерењата доживувајте ги како показатели за совршени пропорции, односно удел на различни состојки во рецептот, а не како стриктно зацртани.

Ако преферирате шунка, а помалку краставички – ставете повеќе шунка и помалку краставички итн. Со ниедна интервенција не можете да погрешите во овој рецепт!

За почеток, ве советуваме да направите шпанска пита според овој класичен рецепт, а потоа играјте си, менувајте ги соодносите на состојките и направете шпанска пита на свој начин!

Состојки:

– 1 црвена пиперка

– 5 кисели краставички

– 5 чери домати

– 4 јајца

– 1 шолја кисело млеко

– 1 шолја брашно од хелда

– 1 шолја пченкарно брашно

– 1 лажичка сода-бикарбона

– 1 лажичка сол

– 2 – 3 лажици семки од тиква

– сок од 1 лимон

Фото: setchfield / Alamy / Profimedia

Подготовка:

На малку масло издинстајте ја црвената пиперка исечена на коцки. За тоа време исечкајте ги чери доматите и киселите краставички. Кога пиперката ќе биде издинстана, додајте го преостанатиот зеленчук и оставете настрана да се излади.

Во подлабок сад пенесто изматете ги јајцата со малку сол, додајте кисело млеко. Во мокрите состојки вмешајте ги двата вида брашно, солта, сода-бикарбоната. Сите состојки соединете ги, а потоа вмешајте го исечканиот изладен зеленчук. На крај и сокот од лимон и уште еднаш сè измешајте.

Во калап за мафини или во плех, претходно намачкани со путер, ставете од смесата до 2/3 во висина. Печете околу 20-30 минути во рерна загреана на 200 степени.

Напомена: Доколку сте во период на рестрикција, наместо пченкарно користете овесно или брашно од просо, доколку сакате безглутеински проички. Во спротивно, користете ’ржано, јачменово или брашно од спелта.

Од оваа смеса се добиваат 15 мафини.

За мерење користена е шолја од 250 мл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот