Велигденска трпеза: Чоколадни јајца кои бргу се приготвуваат

Чоколадни јајца / Велигден
Чоколадни јајца / Фото: Pexels/Leeloo Thefirst

Денеска е Велики петок, најтешкиот ден во христијанската религија. Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце.

Но, доколку сакате да се инспирирате за велигденската трпеза во недела, овие чоколадни јајца се одлична идеја бидејќи бргу се подготвуваат и се навистина вкусни, пишува „Пун куфер“.

Фото: Pexels/Polina Tankilevitch

Потребни состојки:

За филот:

  • 250 гр путер од кикирики или бадем
  • 30 гр кокосово брашно
  • 3 лажици мед или јаворов сируп

За преливот:

  • 100 гр чоколадо
  • 1-2 лажици млеко

Подготовка:

Сите состојки за филот измешајте ги во блендер и потоа обликувајте ги во јајца. Ставете ги на плех со хартија за печење и ставете ги во замрзнувач додека го подготвувате преливот. Направете го преливот така што ќе го стопите чоколадото и ќе го измешате со млекото.

Откако ќе ги извадите формираните јајца од замрзнувачот, секое од нив ги потопете го растопеното чоколадо со млеко. Штом ќе завршите со оваа постапка, вратете ги чоколадните јајца во замрзнувач и оставете ги да се смрзнат околку два часа.

Потоа извадете ги и оставете ги на собна температура околу 15 минути пред да ги послужите.

На здравје и среќни празници!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот