Спортско игралиште во Карпош/ Фото: Општина Карпош

Осветлени се игралиштата низ Карпош, ќе можат да се користат речиси до полноќ

Спортските игралишта низ Карпош  до октомври ќе можат да се користат и во вечерните часови.

Од Општината информираа дека од вчера започнале со осветлување на сите спортски игралишта на нивна територија кои се во нивна надлежност.

Стручните лица од локалната самоуправа ги активираа 150 ватните штедливи ЛЕД светилки кои го осветлуваат просторот во рамки на спортските игралишта кои функционираат на јавна површина. На овој начин, терените ќе бидат прилагодени за користење до подоцните вечерни часови односно до 23 часот, а оваа акција ќе трае до месец октомври. Во моментов, општинските служби работат на отстранување на дефектот со електричната мрежа на спортското игралиште во дворот на средното угостителско училиште „Лазар Танев“ во населбата Козле – велат од Општина Карпош.

Општина Карпош ги повикува сите спортски ентузијасти да го искористат пролетниот и летниот период, да спортуваат и да се рекреираат на отворено.

Оттаму апелираат до сите граѓани, совесно да ги користат спортските реквизити и да водат грижа за јавниот ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот