Печурки „мацутаке“ / Фото: Pexels / spiagol56

Осум печурки продадени за 4.800 евра, ги купил познат јапонски готвач

Осум печурки од видот „мацутаке“, кои се одгледувале во Тамбасасајама на западот од Јапонија, биле продадени на пазарот во тој град по цена од 850.000 јени (4.800 евра), за време на аукцијата за нивното прво берење оваа есен, објави „Маиничи Шимбун“.

Печурките „мацутаке“ што биле понудени на аукцијата биле долги од 6,5 до 11 сантиметри и тежеле вкупно 263,5 грама, што ги прави најтешки меѓу првите сезонски печурки откако се отворил пазарот во 2018 година.

Иако, овие печурки обично се продаваат за 100.000 до 150.000 јени (564 до 846 евра) по килограм, вредноста на свежо набраните печурки брзо се зголемила на аукцијата.

Главниот готвач на ресторанот на хотелот „Танбасасајама Кинмата“, Норикугу Јошимура (39), кој успешно се натпреваруваше за печурките, рече дека хотелот во Танбасасајама „служи печурки ‘мацутаке’ од целата земја, но оние произведени во овој град имаат добра арома и богат вкус“.

– Ми олесни што победив на натпреварот, бидејќи некои од нашите гости со нетрпение очекуваат да ги пробаат – рече готвачот.

Тој додаде дека планира да им служи печено мацутаке на гостите што ќе преноќат во хотелот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот