Осум екипи не сакаат да продолжи сезоната во Серија А!?

фото:твитер

Можно е најсилното италијанско фудбалско првенство да продолжи кон крајот на мај или почетокот на јуни.

Советот на Лега Серија А на последниот состанок едногласно донесе одлука за завршување на натпреварувачката сезона 2019/2020.

Тоа ќе се случи само со дозвола од италијанската Влада, а според тамошните медиуми дури осум екипи од Серија А се против продолжување на сезоната во Серија А. Помеѓу нив е и Удинезе на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Против продолжување на сезоната се и Парма, Бреша, Торино, Сампдорија, СПАЛ, Болоња и Фиорентина поради „ризикот кој не може да се предвиди“.

Советот на Лега Серија А едногласно ја потврди својата намера за завршување на спортската сезона 2019/20, доколку тоа го дозцоли Владата, со целосно почитување на правилата за здравје и безбедност. Продолжувањето на спортските активности, во т.н. фаза 2, ќе се спроведува во согласност со препораките на ФИФА и УЕФА, покрај одлуките на италијанската фудбалска федерација и во согласност со медицинските протоколи да ги заштити сите што се вклучени во одржувањето на натпреварите – објави Лега Серија А.

Од претходно се најавува дека можно е продолжување на сезоната кон крајот на мај или почетокот на јуни. Експресен одговор на италијанскиот министер: Фудбалот засега е последен проблем

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот