Експресен одговор на италијанскиот министер: Фудбалот засега е последен проблем

фото: твитер

Итлаијанскиот министер за здравство, Роберто Сперенца, експресно му одговори на челникот на итлаијанската фудбалска федерација за барањето да се даде зелено светло за продолжување на Серија А.

Гравина претходно изјави дека достави протокол за продолжување на сезоната во Серија А и дека чека одговор од министерствата за здравство и спорт. Одговорот дојде од италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперенца.

Јас сум страстен вљубеник во фудбалот, но со повеќе од 400 смртни случаи на ден, тоа е последниот проблем со кој планираме да се занимаваме – изјави Сперенца во разговор за радиото „Радио Капитал“.

Министерот е дециден, човечкиот живот е најважен и тоа треба да го сфатат сите.

Денеска приоритетите на Италија се поинакви. Ќе направиме се за во одреден момент работите да се вратат во нормален тек. Но, отворањето на стадионите или училиштата би значело отворање на места каде што има контакти, а со тоа се зголемува ризикот за нови случаи – додаде Сперанца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот