Османи за односите на Курти со САД и ЕУ: И во семејството има несогласувања

Вјоса Османи / Фото: Архива на Слободен печат

Претседателката на Косово Вјоса Османи, коментирајќи ги несогласувањата на премиерот Албин Курти со меѓународната заедница, особено со САД, рече дека понекогаш има несогласувања меѓу пријателите и членовите на семејството, пренесува Албанска пошта.

Османи посочи дека нема несогласувања со меѓународната заедница на полето на евроатлантските интеграции на регионот и дека косовските сојузници се причина за неговиот успех.

„Дури и меѓу најдобрите пријатели, и меѓу семејството, понекогаш имате несогласувања. Онаму каде што немаме несогласувања со меѓународната заедница е евроатлантската интеграција на регионот. Не верувам дека имаме несогласувања со меѓународната заедница дури и во нашите заеднички напори за зајакнување на суверенитетот, територијалниот интегритет како и нашата независност „Всушност, причината зошто Косово беше успешно, освен стабилноста на својот народ, беше тоа што имавме сојузници на наша страна“, изјави Османи за Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот