Османи: Почетокот на преговорите со ЕУ ќе ги зацврсти европските перспективи на Западниот Балкан

фото: МИА

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска се сретна со министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка, Мирослав Лајчак, кој престојува во посета на земјава, информираат од СЕП.

– Интеграцијата на Северна Македонија, но и на земјите од регионот во ЕУ, претставува значаен елемент во изградбата на постабилна, побезбедна и попросперитетна Унија, и во оваа насока, почетокот на преговорите со Северна Македонија, претставува значаен израз на европските перспективи на целиот регион – истакна Османи, изразувајќи притоа благодарност до министерот Лајчак за силната словачка поддршка за европската интеграција на земјава, особено од аспект на последната иницијатива на дел од земјите – членки, меѓу кои и Словачка, преку заедничка декларација јавно да ја демонстрираат поддршката за европските интеграции на земјава и регионот.

Вицепремиерот Османи посочи и на континуираната политичка и економска билатерална поддршка од страна на Словачка, која во овој период има особено значење за евроинтегративниот процес, во реализација на Европското движење на Северна Македонија со поддршка на УСАИД и Амбасадата на Република Словачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот