Османи: Историчарите да го ублажат тонот

Скопје, 26 октомври 2020 / Министерство за надворешни работи / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Ги охрабруваме историчарите да го ублажат тонот на квалификациите по однос на историските прашања, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, додавајќи дека на последната средба со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева бил дефиниран простор за изнаоѓање решение.

– Констатиравме дека со Договорот има разлики во нашите очекувања. Се договоривме да формираме работни групи од двете министерства за надворешни работи кои на дневна основа ќе разгопвараат во однос на различните интерпретации на одредени решенија, одговори Османи.

Според него било разговарано и за прашањето за името, односно дека користењето на долгата и кратката верзија на името не дефинираат територијални претензии.

– Ако кратко име предизвикува одредена загриженост во Република Бугарија дека некој тоа може да го интерпретира како територијална претензија на историскиот регион Македонија, мислам дека ние немаме проблем да направиме дополнително објаснување до бугарската страна дека новото име е во употреба како и долгото така и краткото, меѓутоа и краткото и долгото претставуваат иста територија а тоа е Република Северна Македонија, изјави Османи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот