Османи ги запозна невладините со Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на серијата средби со претставници од граѓанскиот сектор, на денешниот брифинг Османи ги запознал невладините организации со значењето и придобивките од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, лансиран во јуни минатата година, во Вашингтон.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите биле можностите за соработка со невладиниот сектор во делот на имплементацијата на Планот за активности во рамки на Стратешкиот дијалог, кој покрива бројни области за соработка како што се борбата против корупцијата и владеењето на правото, одбрана и безбедност, трговија и инвестиции, енергетика и животна средина, но и други значајни прашања од регионален и глобален интерес.

Исто така, Османи истакнал дека е предвидено споменатиот план да се имплементира од страна на различни институции во земјава, во периодот од 2023 до 2033 година, при што Министерството за надворешни работи е координатор на целокупниот процес.

– Планот за активности во рамки на Стратешкиот дијалог со САД содржи бројни проекти и активности чија реализација ќе придонесе за понатамошно поттикнување на демократските и реформските процеси, како и зајакнување на институциите, а со тоа гарантирање на целокупниот напредок на државата. Отворени сме за соработка со граѓанскиот сектор и на ова поле, што е на линија на нашата досегашна транспарентност и заложби за зајакнување на улогата на невладините организации во креирањето на надворешната политика, порачал Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот