Ослободете се од мирисот на пржен кромид во домот – испробајте ги овие природни методи
Мирисот на пржен кромид може да се задржи со часови во просторот и на ткаенините. За среќа, постојат едноставни, природни методи кои ефикасно ги неутрализираат непријатните мириси без агресивна хемија.
Препорачано
Првиот и најважен чекор е проветрувањето. Отворањето прозорци и користењето аспиратор за време и по готвењето помага да се отстранат честичките од мирисот од воздухот, бидејќи сулфурните соединенија од кромидот лесно се шират низ просторијата.
Професионалниот готвач Џон Мајерс истакнува дека проветрувањето е една од најефикасните и наједноставни методи, особено ако се комбинира со ограничување на ширењето на мирисот во останатиот дел од домот.
Природните апсорбери на мириси се особено корисни. Состојки како сода бикарбона, меленo кафе или активен јаглен делуваат така што ги впиваат непријатните мириси од воздухот.
На пример, сода бикарбона може да ги неутрализира мирисите ако се остави во отворен сад, додека кафето со својата интензивна арома ги „прикрива“ и апсорбира мирисите од кромид. Овие методи имаат подолготраен ефект и се особено ефикасни во затворени простории како кујна или фрижидер.
Киселите намирници како лимон и оцет исто така имаат силно дејство. Нивните хемиски својства ги разградуваат сулфурните соединенија одговорни за непријатниот мирис.
Бришењето површини со мешавина од вода и оцет или триењето даски со лимон може значително да го намали интензитетот на мирисот. Дополнително, варењето вода со кора од лимон или цимет создава пареа што помага да се неутрализираат мирисите во воздухот.
Важно е и брзото чистење и превенцијата. Остатоците од кромид на површините и ткаенините го задржуваат мирисот, па се препорачува миење на садовите и бришење на работните површини веднаш по готвењето.
Текстилот, како завеси или крпи, може да задржува мириси со денови, па потребно е да се испере или добро да се проветри. Со комбинација од овие природни методи, можно е ефикасно да се отстрани дури и најупорниот мирис од пржен кромид.


