Ослободен шведскиот дипломат осомничен за шпионажа
Шведските власти ослободија лице кое беше уапсено во неделата под сомнение за шпионажа, соопшти денес обвинителството.
Препорачано
„Веќе нема основа за притво на ова лице“, изјави обвинителот Пер Линдквист , додавајќи дека истрагата сепак продолжува.
Јавниот радиодифузен сервис СВТ вчера објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека шведски дипломат е уапсен под сомнение за шпионажа .
Адвокатот назначен да го брани уапсениот маж вчера изјави дека неговиот клиент негира каква било вмешаност.
Шведска во последниве години се соочи со неколку случаи на шпионажа кои имаа широко публицит во медиумите.
Во јануари 2023 година, поранешен шведски разузнавачки агент беше осуден на доживотен затвор за шпионажа за Русија.
Во септември истата година, еден руско-шведски државјанин беше суден за пренесување на западни технологии во руската војска.
Судот во Стокхолм заклучи дека тој извезувал технологија во Русија , но пресуди дека неговите постапки не претставуваат собирање разузнавачки информации.
Во февруари 2024 година, Шведската агенција за поддршка на верските заедници го укина финансирањето за Руската православна црква во Шведска откако разузнавачката служба САПО предупреди дека Црквата се користи за разузнавачки активности.
Во нивната годишна проценка, објавена во март, разузнавачките агенции ги идентификуваа Русија, Кина и Иран како главни актери кои спроведуваат активности за собирање разузнавачки информации насочени кон скандинавската земја.


