Оскарите се враќаат во полн сјај: По три години повторно ќе имаат водител

оскари
Foto: Profimedia

Овогодинешната церемонија на Оскарите ќе има водител по цели три години, пренесува „The Guardian“.

За време на зимската виртуелна прес-турнеја на Здружението на телевизиски критичари, претседателот за забавна програма на „ABC, Крег Ервич, објави дека церемонијата во март ќе има водител, но не откри кој би можел да биде истиот.

Во 2018 година церемонијата на доделувањето на Оскарите ја водеше Џими Кимел, пред следната година истата да биде пропратена со контроверзии откако повторно се појавија хомофобични шеги и твитови по што Кевин Харт се повлече од водителската функција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABC News (@abcnews)

Во 2019 година Оскарите забележаа пораст на гледачите, од 26,6 милиони на 29,5 милиони, но следните години забележаа конзистентен пад, а церемонијата во 2021 година го допре историскиот минимум од 10,4 милиони гледачи во живо.

Откако минатогодишната церемонија поради коронавирусот се одржа со строги протоколи и лимитиран број на присутни, оваа година Оскарите се враќаат во полн сјај и истите е предвидено да се одржат во театарот Долби.

Продуцентот на „The Girls Trip and Ride Along“, Вил Пакер ќе биде извршен продуцент за таа специјална вечер.

оскари
Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

„Доколку ме контактираат, би прифатил, и би било многу забавно. Навистина би уживал“, истакна Том Холанд ѕвездата на филмот „Spider-Man: No Way Home“ за „Hollywood Reporter“.

Номинациите за Оскар ќе бидат објавени на 8 февруари, а церемонијата ќе се одржи на 27 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот