Фото: ГРК Охрид

Орјоникидзе и ГРК Охрид спогодбено го раскинаа договорот

Еден од најдобрите од минатата сезона, левиот бек, Грузиецот Теимураз Орјоникидзе по повредата со која се здоби при репрезентативен настап во месец Мај, за жал, не успеа да му се стави на располагање на тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ Ројевиќ за време на зимскиот подготвителен период.

Клубот и играчот се договорија спогодбено да го раскинат договорот кој што беше со важност до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

На крајот од минатата година ГРК Охрид ангажираше ново засилување кое дојде од Вардар 1961, десното крило Ален Ќосевски.

Зад ГРК Охрид дефинитивно е најдобрата полусезона, во домашната Супер лига моментно е на третата позиција со 29 бодови, само еден помалку зад актуелниот шампион Еурофарм Пелистер на второто место, а водечки е Вардар 1961 со 34.

Воедно бележи и успешни настапи во ЕХФ купот каде во осминафиналето ќе игра против Дукла од Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот