Оризари го блокираа патот Штип-Кочани кај Облешево

Фото: ГП Гранит / принтскрин

АМСМ информира дека на патот Кочани – Штип, околу 80-100 граѓани-производители на ориз со 12 земјоделски машини ја блокирале сообраќајната лента во правец Штип – Кочани кај селото Облешево.

Сообраќајот се одвива наизменично.

Блокадата ќе трае до 15 часот.

Оризарите велат дека ќе останат на патиштата на неодредено време и бараат итна средба со претставници од власта. Велат дека се тешко погодени од новите цени на ѓубривата и нафтата и оти сегашната откупна цена е нерентабилна, затоа бараат оризовата арпа од новата реколта да се продава по цена од 40 денари.

Производителите неколкупати излегуваа на протести. За околу два месеца треба ќе започне новата жетва, па поради тоа оризарите бараат проблемот со ниската откупна цена да се реши поскоро. Годинава со ориз се посеани над 4.500 хектари и се очекува принос од околу 22.000 тони оризова арпа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот