Организацијата на Олимписките игри во Токио чинела 13.6 милијарди долари

Фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Трошоците за организација на Летните олимписки игри во Токио што се одржаа минатото лето ќе изнесуваат 13,6 милијарди долари Организацискиот комитет ќе се распушти следниот месец и ќе го објави завршниот извештај, изјави директорот на ова тело, Тоширо Муто.

Муто по состанокот на Извршниот одбор изјави дека сумата мое да биде и „малку пониска“.

– Го прегледуваме секој детаљ. Тоа не е нешто што можам да кажам дека е причината зошто очекуваме помала бројка – рече Муто.

Организаторот во декември минатата година соопшти дека вкупните трошоци за организирање на Олимписките игри во Токио, биле за 1,8 милијарди долари помалку од проценетите 15,4 милијарди долари. Помалата сума се должи на намалените трошоци за ангажирање на дополнителни работници поради тоа што не беше дозволено присуство на навивачи на трибините.

Пред почетокот на Игрите во Токио, неколку владини ревизори изјавија дека трошоците може да бидат двојно повисоки од пријавените.

Целата сума не падна на товар на јапонската влада бидејќи 5,9 милијарди долари се приватни пари, односно пари на спонзорите на Игрите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот