Орбан замина, доаѓаат нови проблеми: Кои се петтемина лидери кои би можеле да ја блокираат Европа?
Заминувањето на Виктор Орбан од власт во Унгарија го поставува прашањето кој ќе ја преземе улогата на најгласен противник и потенцијален блокатор на клучните одлуки во Европската Унија во време кога на Брисел му е потребно единство повеќе од кога било.
Препорачано
Виктор Орбан го нема, а неговата позиција како главен деструктор во Унијата одеднаш е слободна, пишува угледниот магазин Политико.
Предавањето на власта доаѓа во чувствителен момент, со оглед на тоа што блокот се потпира на единство за да ги протурка санкциите, буџетите и другите одлуки за кои сè уште се потребни гласови од сите членови. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не изгуби време оваа недела по поразот на Орбан, предлагајќи ги измените во правилата за гласање на блокот за да се избегнат идни застои и блокади, наедува бриселскиот портал.
Со години, сега веќе поранешниот унгарски премиер, го користеше своето право на вето за да блокира клучни иницијативи, особено оние поврзани со поддршката на ЕУ за Украина. По тешкиот пораз на изборите во неделата, тој наскоро ќе биде заменет од Петер Маѓар, политичар од десниот центар, кој сигнализираше подготвеност за поблиска соработка со Брисел.
Некои се надеваат дека победата на Маѓар ќе го олесни постигнувањето консензус.
„Мојот впечаток е дека политичкиот бизнис модел на системско и структурно нарушување се распадна по тешкиот изборен пораз на Фидес“, рече еден од дипломатите на ЕУ.
Но, заминувањето на Орбан не значи дека Фон дер Лајен или Киев можат да воздивнат со олеснување. Европскиот совет, каде што се состануваат сите 27 лидери за да донесуваат одлуки, сè уште вклучува неколку негови сојузници и неколку потенцијални нови „пречки“.
Политико во својот текст наведе пет лидери на европски земји кои најверојатно би можеле да ја преземат функцијата од Орбан како „црни овци“ на Унијата.
„Помошник“: Словачкиот премиер Роберт Фицо
Словачкиот премиер Роберт Фицо честопати беше верен партнер за вето на Орбан, придружувајќи се на својот проруски колега во блокирањето на санкциите врз Москва и барајќи ослободување од заемот од 90 милијарди евра од ЕУ за Украина. Со заминувањето на Орбан, Фицо останува најблискиот и можеби последниот пријател на Кремљ во блокот.

„Заинтересиран сум да бидам конструктивен актер во Европската Унија, но не на сметка на Словачка“, рече Фицо минатото лето.
Минатиот месец тој предупреди дека може да стави вето на транша од 90 милијарди евра за Киев наместо Орбан ако вториот ги изгуби изборите. Будимпешта со месеци ја блокира исплатата на средствата договорени на самитот во декември поради спорот со Киев околу нафтоводот „Дружба“, кој носи руска нафта до централна Европа. Сепак, Маѓар во понеделникот изјави дека нема да застане на патот на блокадите.
Со оглед на тоа што нафтоводот сè уште не е оперативен, прашањето е дали Фицо ќе ја оствари својата закана и ќе ја преземе улогата на лидер на блокадите или ќе застане на страната на ЕУ. Словачкиот лидер претходно ги поддржуваше санкциите и заедничките изјави во корист на Украина.
„Мислам дека тие ќе бидат многу свесни за ризиците и последиците од изборот на сличен пат како Орбан“, рече дипломатот на ЕУ.
Популистички милијардер, чешкиот премиер Андреј Бабиш
Чешкиот премиер, 71-годишен милијардер наречен „чешки Трамп“, кој владее во коалиција со крајната десница од декември, веќе покажа некои тенденции слични на Орбан. Тој беше еден од ретките лидери, заедно со Орбан и Фицо, кои побараа ослободување од заем од ЕУ за Украина. Тој, исто така, повика на намалување на поддршката за Киев, иако не ја отфрли чешката иницијатива за снабдување со муниција.

Бабиш е исто така гласен критичар на климатските политики на ЕУ, тврдејќи дека системот за тргување со емисии ѝ штети на чешката економија.
Наместо да блокираат сè, од десничарските лидери во Советот се очекува да бидат „строги по некои прашања“, особено во споредба со преовладувачките ставови на другите европски лидери, изјави дипломат од ЕУ.
Италијанската премиерка

„На последниот состанок на Европскиот совет, единствената личност што се согласи со Орбан беше Мелони“, рече друг дипломат на ЕУ, осврнувајќи се на признанието на италијанската лидерка пред другите лидери дека го разбира неговиот став за кредитот за Украина на самитот во март.
„Повратникот“, словенечкиот политичар Јанез Јанша
Магазинот во својот текст потсетува дека и поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша, кој неколку мандати беше премиер, е десничарски популист и самопрогласен поддржувач на Трамп, познат по својата склоност кон конфронтации со новинарите, а на драматичните избори минатиот месец, обележани со шпионски скандал, тој заврши втор со само едно место помалку.

Додека преговорите за формирање Влада во Словениај сè уште траат, останува нејасно дали Јанша или сегашниот премиер Роберт Голоб ќе успеат да формираат владина коалиција.
Јанша, понекогаш наречен „мини Трамп“, би го зајакнал растечкиот популистички круг во ЕУ доколку се врати на власт. Кога станува збор за Украина, постои важна разлика помеѓу Јанша и Орбан, па дури и Фицо, иако е сојузник со унгарскиот лидер по некои други прашања. Сепак тој силно го поддржува членството на Украина во ЕУ и во 2022 година, во раните денови на целосната инвазија на Русија, го посети Киев за да ја покаже својата поддршка.
Бугарскиот адут

Поранешниот бугарски претседател Румен Радев поднесе оставка во јануари за да формира нова партија и да се кандидира на парламентарните избори кои треба да се одржат наскоро. Според анкетата на „Политико“, тој е на добар пат да победи, што би можело да биде голем пробив по години политичка парализа во Софија.
Тоа би можело да претставува проблем за Украина и нејзините европски сојузници. Радев во 2025 година изјави дека Украина е „осудена“ на војна со Русија и тврдеше дека зголемувањето на воената помош од ЕУ или „истурањето повеќе оружје“ во Киев не е решение. Тој, исто така, ги обвини европските лидери дека ја охрабруваат контраофанзивата на Украина, велејќи дека тоа довело до „стотици илјади жртви“ во Украина.


