Општина Тетово запре контроверзен ДУП, советниците од ДУИ и СДСМ не гласаа

Советот на Општина Тетово денеска одржа вонредна седница на која беше суспендиран Детален урбанистички план (ДУП) за урбаниот блок 57А. Овој ДУП беше донесен во време на претходната градоначалничка Теута Арифи, на местото на некогашниот Шумарско-индустриски комбинат (ШИК) „Јелак“ каде беше предвидено контроверзниот црногорски бизнисмен Миомир Дака Давидовиќ да биде еден од инвеститорите на изградбата на дваесетина згради за домување и трговски центар.

Градењето на објекти на оваа локација беше основа за политичко пресметување меѓу партиите, а имаше и обвинувања за корупција.

Советниците од ДУИ и СДСМ не учествуваа во гласањето, односно станаа од нивните места во Советот и седнаа во делот предвиден за јавноста и граѓаните.

-Суспендиран ДУПот за ШИК Јелак на контроверзниот Дака Давидовиќ. Правдата победува ги остваруваме ветувањата! Би сакал да честитам за оваа храбра одлука на Градоначалникот на Тетово Билал Касами како и мнозинството во Советот составено од политичките партии БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците како и независните Подобро за Тетово кои ја донесоа оваа одлука, објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, видно задоволен од одлуката.

Според него, суспендирањето на овој ДУП „зад кој стои контроверзниот српски бизнисмен Дака Давидовиќ“ покажува дека „промените носат правда“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот