Општина Кисела Вода обезбеди ново пожарникарско возило
Општина Кисела Вода обезбеди ново противпожарно возило, со цел да се зголеми безбедноста на жителите и да се о поголема заштита од пожари.
Препорачано
Секое лето, а посебно изминатово, сите видовме колку лесно и брзо може да се запали и прошири пожар, загрозувајќи го животот, домот и природата и за жал увидовме дека е неопходно подобрување на капацитетите на нашата Противпожарна бригада
Голема е мојата благодарност до компанијата „Шпаркасе Лизинг“, до директорот Марјан Манчев, кои ги препознаа нашите намери и како општествено одговорна компанија, покажаа исклучителна грижа за безбедноста на нашата заедница, донирајќи ни го ова противпожарно возило – истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Тој посочи дека ваквите партнерства меѓу приватниот сектор, општините и јавните служби се и повеќе од потребни кога целта е подобрување на условите за живот на сите граѓани.
Она што е наш следен чекор како локална самоуправа, е да ѝ го понудиме ова возило на Противпожарната бригада, со цел таа да може побрзо и ефикасно да реагира и да ги заштити граѓаните, а пред сѐ жителите на општина Кисела Вода. Сметам дека снабдувањето со ново возило претставува значајна помош, особено во моменти кога навистина е неопходно брзо и ефикасно да се реагира – вели градоначалникот на Кисела Вода.


