Општина Карпош ќе контролира кој и зошто ги крши детските игралишта

Детските игралишта, маалските паркови, спортските терени, платоата и училишните дворови од утре ќе бидат контролирани од мешовити патроли кои мапирааат различни облици на насилно однесување во сите населби во општина Карпош, информираат од Општината.

Овие патроли ќе се организираат два пати во неделата, а во нив ќе учествуваат претставници од Општина Карпош, СВР Скопје, Полициска станица – Карпош и претставници од родителските совети при основните училишта.

– Основната цел е да се пресретне деструктивното однесување на некои посетитители, причините зашто свесно се уништува урбаната опрема, реквизитите и да се спречат овие девијантни појави во заедницата – велат од Карпош.

Мешовитите патроли беа договорени како теренска активност на последната седница на Локалниот совет за превенција. Службите на локалната самоуправа досега, често пати констатираат свесно уништување на јавните добра, а со овие мешовити патроли ќе се делува на превенција и едукација на граѓаните кои ги посетитуваат и користат јавните површини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот