Општина Центар финансиски ќе помага за реконструкција на фасади на стари згради

Фото: Општина Центар

Oпштина Центар ќе субвенционира реконструкција на фасади на колективни станбени згради, за што е објавен јавен оглас на кој може да се пријават заинтересираните заедници на сопственици на станови. чија зграда е постара од 25 години.

Како што велат од Центар, јавниот повик ќе се реализира со селекција кoja ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“, а за аплицирање покрај останатата документација треба да се обезбеди и правосилно решение за реконструкција на фасада во согласност со законските прописи. Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од Буџетот на Општина Центар, Програма ГДО, во висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада на станбената зграда за колективно домување, но не повеќе од 1.000.000 денари за секоја одобрена апликација, поднесена од заедница на станари или од мнозинство сопственици на посебни делови од станбената зграда апликантот.

Општина Центар напоменува дека со објавувањето на овој Јавен повик се става вон сила Јавниот повик за пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови од подрачјето на Општина Центар за реконструкција на фасади на колективни станбени згради бр. 09-1752/1 од 2.4.2018 година и обврските произлезени од него.

Заинтересираните заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради поднесуваат пријава на образец што може да го подигнат на пријавницата во Архивата на Општина Центар во Барака 6, или на интернет страницата на општината https://www.centar.gov.mk/?p=17532. Повеќе информации поврзани со јавниот повик може да се добијат и на телефонските броеви 02/3203646 – Сектор за уредување на градежно земјиште и 02/3203659 – Сектор за урбанизам или во приемните денови Вторник и Четврток од 09.00 до 11.00 часот во Барака број 3 во Општина Центар.

Пријавите за учество во Јавниот повик може да се доставуваат од 1.6.2023 година до исцрпување на средствата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот