Општина Аеродром со иницијатива за двојно намалување на комуналиите за изградба на куќи
На последната седница на Советот на Општина Аеродром усвоена е предлог иницијатива за намалување за 50 отсто на надоместокот за уредување земјиште за изградба на објекти за индивидуално домување, односно куќи во реонот на населбите Лисиче и Горно Лисиче и улиците Ѓорѓи Капчев и Тодор Чангов.
Препорачано
Од Аеродром информираат дека вака усвоената иницијатива ќе биде доставена до Советот на Град Скопје и до градоначалничката Данела Арсовска за понатамошно усвојување. Имајќи предвид дека ова би значело сериозно финансиско олеснување за граѓаните, од Општината апелираат до Град Скопје во најкраток временски период да ја разгледа и усвои предлог-иницијативата.
Оваа иницијатива е уште е една потврда за грижата на општина во услови на економска криза. Општина Аеродром во континуитет презема мерки со кои овозможува директна финансиска помош и поддршка на граѓаните. По прифаќањето на одлуката од страна на Градот Скопје, граѓаните на овој дел од општина Аеродром, при изградба на индивидуалните објекти (куќи) ќе плаќаат комуналии кои ќе бидат за 50 отсто пониски од актуелните – велат од Општината.


