Опседната со розевата боја – Веќе 13 години не носи ништо во друга боја, а и домот од подот до таванот и е розев (ФОТО)

Јасмин Шарлот (32) е наставничка од Швајцарија која веќе 13 години наназад, носи исклучиво розови алишта, чевли и се шминка со розова боја.

Покрај својот начин на облекување, Јасмин со својата омилена боја го украсила и својот стан. Токму затоа, во станот во кој живее, вратите, прозорците, ѕидовите, мебелот, па дури и украсите се розови.

Фото: Инстаграм

Таа вели дека предметите кои сега се наоѓаат во нејзиниот дом, ги собира уште од малечка. Доколку сепак во продавница најде одреден украс кој многу и се допаѓа, го купува а потоа таа самата дома, рачно го пребојува и го прави розов.

Невообичаениот изглед на станот во кој живее, многупати до сега бил шокантен за луѓето кои и одат на гости.

Прочитајте и...  Коки му напиша писмо на Дуле: Сите прашуваат за тебе, не те заборавиле!
Фото: Инстаграм

„Кога некој прв пат ќе ми дојде на госати, најчесто кога ќе види дека кај мене дома се е розово, дури и најмалиот скриен детал, останува шокиран. За среќа до сега никој не побегнал, напротив, веднаш тргнува да го разгледува мојот уникатен дом“ – раскажа низ шега таа.

За ситуацијата да биде уште поинтересна, Јасмин има 100 пара чевли и тоа сите розови. Исто така целата нејзина облека е обоена во таа боја.

Фото: Инстаграм

„Пред да станам наставничка, научив да шијам. Така започнав самата да си ја изработувам облеката во мојата омилена боја. Никогаш не би можела да работам некоја работа, на пример, во која се носи униформа. Не би можела да носам ништо друго, освен облека која е розова. Веќе 13 години немам облечено ништо друго, освен алишта во розова боја“ – вели Јасмин.

Прочитајте и...  Фотограф ги претвара трудниците во принцези од Дизни! (ФОТО)

На 19 години Јасмин ги фрлила своите сини панталони и тоа било последното парче облека кое не било во розева боја.

Фото: Инстаграм

„На почетокот се чувствував непријатно. Не ми се допаѓаше вниманието, но со тек на време сето тоа ми стана нормално, а сега не ни забележувам како ме гледаат другите луѓе“, раскажа таа.

Дури и школските пријатели мислеле дека тоа и е само фаза, но кога ќе ја здогледаат после толку години, остануваат зачудени дека таа се уште е целата во розево.

Фото: Инстаграм

Нејзините ученици се многу разумни, а ја нарекуваат и „Miss Pink“. Јасмин, исто така, откри дека планира и да се омажи во розева венчаница, пренесува „The Sun“.

Прочитај повеќе

Меган Маркл се појави на шоуто „America’s Got Talent“ и расплака еден од натпреварувачите

Слободен Печат

Нешто не е како што треба: Игор Којиќ се врати од Загреб сам, без Северина! (ФОТО)

Васко Спасоски

МАКЕДОНСКИ ХИТ: На денешен ден во 1960 година започна да снима првата македонска комедија „Мирно лето“

Слободен печат

Селена Гомез ја покажа лузната по операцијата (ФОТО)

Слободен Печат

Никој речиси не го очекуваше ова од неа: Пејачката Милица Тодоровиќ објави доста жешка фотографија! (ФОТО)

Васко Спасоски

Најмоќната жена во светот на модата Ана Винур: Во мојата гардероба нема место за флуоресцентни бои

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Џеј Ло и Малума снимија две песни во една: Спотот е уживање за сите ваши сетила! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Разговор со Марта Пејоска, едриличарка: При средбата со големата вода владеат други правила! 

Јасмина Кантарџиева Димков

Наша позната манекенка стана пејачка: Нејзиниот спот ќе сакате да го погледнете повеќепати! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Цел живот сонувала да стане актерка: Кетрин Зита-Џонс денес го слави својот 51 роденден

Слободен Печат

Ќерката на Никол Кидман и Том Круз има само 3 селфи-фотки на Инстаграм, а на последната и коментираше Шерон Стоун! (ФОТО)

Васко Спасоски

11 симптоми што укажуваат дека ковид-19 го нападнал и срцето

Слободен Печат