ОН: Забраните за Авганистанките ќе имаат ужасни последици за жените

Авганистанки во Кабул / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Високиот комесар на Обединети нации за човекови права Вокер Турк денеска го осуди сѐ поголемото кршење на правата на жените во Авганистан.

Талибанската Влада минатата недела им забрани на девојките да учат на универзитетите, како и да работат во невладини организации.

Забраната предизвика бес кај меѓународната заедница и демонстрации во повеќе авганистански градови.

На 24 декември талибанската Влада им нареди на невладините организации да им забранат на жените да работат кај нив, по што четирите големи меѓународни хуманитарни агенции ги прекинаа операциите во Авганистан.

Ниту една земја не може да се развива, дури и да преживее социјално и економски со исклучена половина од нејзиното население… Оваа најнова владина наредба ќе има ужасни последици за жените и целиот народ во Авганистан, истакна Турк, додавајќи дека забраната за работа на жените во невладини организации ќе ги лиши нив и нивните семејства од приходи и правото „позитивно да придонесуваат” за развојот на земјата.

Забраната доаѓа за помалку од три месеци откако неколку илјади девојки и жени полагаа приемен испит на универзитетите низ земјата.

На средношколките претходно им беше забрането да одат на училиште.

Талибанците, кои се вратија на власт во август 2021 година, ветија дека ќе бидат пофлексибилни, но во голема мера се вратија на строгото толкување на исламот, што го одбележа првиот период од нивното владеење од 1996 до 2001 година.

Талибанската власт им забрани на жените да студираат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот