Оле Гунар Солскјер ги критикуваше фудбалерите на Манчестер јунајтед

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер го критикуваше однесувањето на одредени фудбалери за време на неговиот мандат на „Олд Трафорд“. Солскјер доби отказ во ноември 2021 година по речиси три години, а неговиот наследник Ерик тен Хаг изјави дека ситуацијата во тимот не била добра кога тој дојде во клубот минатиот мај.

– Некои не беа толку добри како што мислеа дека се. Нема да ги именувам, но бев многу изненаден кога неколку од нив ја одбија шансата да бидат капитени. Исто така, бев разочаран кога некои рекоа дека нема да играат или тренираат затоа што сакале да го напуштат клубот – изјави Солскјаер за „Атлетик“, а пренесува „Би-Би-Си“.

ВИДЕО | Баерн во натпревар со седум гола го победи Јунајтед, Елмас и Наполи славеа во Португалија

Норвешкиот стратег со „црвените ѓаволи“ ја заврши сезоната 2020/2021 на второто место, а финалето во Лига Европа го загуби на пенали од Виљареал. На почетокот на следната сезона Јунајтед ги доведе Џејдон Санчо и Рафаел Варан и го врати Кристијано Роналдо. Сепак, Солскјер ја напушти клупата по 12 натпревари во Премиер лигата и поразот од Ватфорд со 1:4.

– Кога имате група, сите треба да одат во иста насока. Кога работите не одеа добро, можевте да го видите егото како излегува од некои играчи – рече Солскјаер.

фото: EPA-EFE/Adam Vaughan

Актуелниот менаџер на Јунајтед, Ерик тен Хег е под притисок, откако загуби три од првите пет натпревари во Премиер лигата оваа сезона. Запрашан дали сочувствува со него, Солскјер истакна:

– Знам низ што минува, тоа е работа од соништата, но тешка. Се занимавате со луѓе и сите нивни проблеми, тоа не е компјутерска симулација. Но, повеќето се професионалци кои сакаат да играат добро. Некои прво размислуваат за бројките, но повеќето мислат на клубот – додаде поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот