ВИДЕО | Баерн во натпревар со седум гола го победи Јунајтед, Елмас и Наполи славеа во Португалија

Фото: EPA-EFE/Anna Szilagyi

Во дербито на вечерта во рамките од првото коло во Лигата на шампионите, Баерн Минхен во интересен натпревар забележа победа против Манчестер Јунајтед со 4:3.

Доминираше Баерн од самиот почеток, а таквата игра им се исплатеше по само половина час игра. Се играше 28. минута кога Лерој Сане шутираше од работ на шеснаесетникот, Онана лошо интервенираше и топката заврши мрежата.

Само четири минути подоцна, Серж Гнабри по асистенцијата од Мусиала зголеми на 2:0. На пауза германскиот гигант замина со два гола предност.

На стартот од второто полувреме Хојлунд постигна гол за надеж на Јунајтед, но веќе во 53. минута по игра со рака, Баерн доби пенал кој го реализираше Кејн.

Најинтересно во вториот дел беше во завршницата, Касемиро во 88. минута постигна гол за 3:2, Тел го врати водството на Баерн од два гола предност, за на крајот во петтата минута од судискот продолжение Касемиро да постигне и втор гол за конечни 4:3.

Во останатите натпревари Арсенал славеше убедливо против ПСВ со 4:0, Салзбург со 0:2 ја совлада Бенфика, Наполи на Елмас беше подобар од Брага со 1:2 додека со 1:1 завршија средбите Реал Сосиедад – Интер и Севиља – Ленс.

Eлмас го одигра последниот половина час за Наполи откако влезе во игра на местото на Кварцхелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот