Оксфордскиот речник го избра зборот на годината за 2023

Фото: RTimages / Alamy / Profimedia

Колку сте добри во флертувањето со потенцијалните партнери? Можеби имате „риз“(rizz) без да знаете. Оксфордскиот збор за 2023 година доаѓа од англискиот сленг, а го опишува шармот и привлечноста и најмногу го користат младите, пишува „Би-би-си“

На листата на потенцијални зборови на годината имало вкупно осум, а по гласањето на интернет во потесниот избор влегле четири, по што експертите го прогласиле зборот на годината.

Што значи „риз“?

Ако англискиот не ви е мајчин јазик и сте родени по 1996 година, па припаѓате на Зумерите (родени меѓу средината на деведесеттите и почетокот на 2010-тите), овој збор веројатно не ви значи ништо. Сепак, тој е многу популарен меѓу корисниците на социјалните мрежи – хаштагот #rizz има милијарди прегледи на TикТок.

Според речникот на Оксфорд, „риз“ ја опишува способноста да се привлече романтичен партнер, а настанала со скратување на англискиот збор „харизма“ (charisma). Постои и глаголот „риз ап“ (riz ap), што значи да привлекуваш, заведуваш, кокетираш со некого.

Зборот беше популаризиран од Јутјуберот и стример на Твитер, Каи Сенат, кој го користеше меѓу своите пријатели. Стануваше се попопуларен, а за тоа придонесе и актерот Том Холанд, кој магазинот „Buzzfeed“ го праша во што е тајната на неговиот „риз“. Холанд изјави дека нема „риз“, но дека со упорност ја освоил актерката Зендаја која му е девојка.

Зборот на годината на Оксфорд за 2022 година беше „гоблински режим“ („goblin mode“), сленг збор за однесување кое е несовесно, самодоволно, мрзливо, невешто или алчно. Каспер Гратвол, кој е шеф на издавачката куќа Оксфорд Лингвистика, вели дека терминот „гоблински режим“ го опишува однесувањето што често се гледало за време на пандемијата на Ковид.

„Интересно е да се види како некои сосема различни термини, како што е „риз“, стануваат сè попопуларни“, вели тој.

Тој додава дека „ризот“ е одраз на отворањето по неколку предизвикувачки години на Ковид-19 и покажува како зборовите создадени во интернет заедницата имаат „растечко влијание врз секојдневниот живот“.

Во поширокиот избор имало осум зборови, па по гласањето на Интернет, четири влегле во потесниот избор, а зборот на годината конечно бил избран од тим експерти за јазици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот